english version

До сите хумани луѓе

Хуманоста како мотив и цел
Сите ние, иако со наполно различен отпечаток на показалецот, со различни патишта, навики, потреби и сништа, несомнено се совпаѓаме во едно – дел сме од човечкиот род, ние сме луѓе. Меѓу историјата и иднината, ние сме оние кои се сега и тука, кои можат да влијаат на денешницата, свесно, совесно, човечно.

Активности

Донација за децата со посебни потреби – книги и техничка опрема
Фондацијата T-Mobile за Македонија на 26 март, свечено ја предаде во употреба донацијата за деца со посебни потреби на четири училишта низ Македонија. Донацијата од над 6000 евра се состои од книги и техничка опрема, кои ќе помогнат за осовременување на образовниот процес за децата со посебни потреби.

Активности

Време на матурски прослави, телефони, подароци и... внимание
Фондацијата T-Mobile за Македонија во периодов како создаден за прослави, веселби, матури и други пролетно-летни свечености и одбележувања, организираше дружење со децата од Домот  „11 Октомври“. 

Химна

 Слушнете ја химната  
  "Чуда мали"