Поддршка за реализација на проекти од општествен интерес
Фондацијата T-Mobile за Македонија поддржува реализација на проекти со директно учество како соработник во проектот кој треба да е во согласност со програмата за работа, целите и задачите на Фондацијата, врз основа на претходно одобрување од страна на Управниот Одбор на Фондацијата.
Барањата за поддршка на проекти иницирани од страна на правни или физички лица, треба да бидат доставени на адреса на Фондацијата со комплетна документација која треба да содржи детален опис за целта на проектот, планот и начинот на реализација, потребниот буџет, како и податоци за носителот на проектот со генералии (адреса на невладината организација / компанија / приватно лице), отворена жиро сметка, даночен број, како и телефонски број за контакт.
За сите потребни дополнителни информации, слободно контактирајте нe во Фондацијата T-Mobile за Македонија на телефонскиот број +389 2 3201 439 или на факс +389 2 3109 299.