Како можете да помогнете?
Постојат најразлични начини како да им излеземе во пресрет на луѓето на кои им е потребна помош: преку волонтирање, директна поддршка или преку јавување на некој од отворените броеви за донации на Фондацијата T-Мобиле за Македонија.
Секој отворен специјален број за донации има своја посебна намена за собирање средства потребни за помош или за итна операција на млади луѓе и деца, кои поради тоа што потекнуваат од социјално загрозени семејства, самите не поседуваат доволно средства за тоа. Неретко, токму вашата несебична помош и донацијата од само 100 денари, иницирана преку вашиот мобилен телефон, може да значи и спас на еден човечки живот.
Досега, заедно успеавме да направиме разлика во животот на над педесетина млади луѓе и деца, кои благодарение на нашето несебично учество во хуманитарните акции, живеат едно посреќно утре. Сите средства собрани за одредена цел се префрлаат на жиро сметката отворена за специјалната намена.
За сите потребни дополнителни информации, слободно контактирајте нe на подолу наведената адреса и телефонските броеви на Фондацијата.
Фондација Т-Мобиле за Македонија Орце Николов бб 1000 Скопје +389 23 201 439 (Fix) +389 23 201 299 (Fax) e-mail: kontakt@t-mobile.com.mk http://www.tmobileformacedonia.org
|