Донација од 32 000 евра од Фондацијата T-Mobile за Македонија за Клиниката КАРИЛ
Фондацијата T-Mobile за Македонија донираше апарат за механичка вентилација на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.
Овој апарат е од големо значење за пациентите, затоа што само 7 од 15 кревети имаат вентилациски машини, а во КАРИЛ се лекуваат пациенти на интензивна нега, што мораат да бидат приклучени на вакви машини.
Апаратот за механичка вентилација е во вредност од 32 000 евра и ќе има директно влијание врз спасувањето на човечки животи.
 КАРИЛ е единствената институција во Македонија во која се нуди ваква грижа, и каде се носат сите критични случаи, не само од Македонија, туку и од регионот.
Ваква машина за механичка вентилација од сите земји во регионот има само во Словенија. |