Начин на работа
Согласно целите и задачите, Управниот Одбор на Фондацијата работи врз основа на утврдена годишна програма. Програмските активности опфаќаат проекти планирани и иницирани од страна на Фондацијата, како и проекти кои можат да бидат иницирани од страна на деловни субјекти, школски и здравствени установи, невладини организации и физички лица, а се во согласност со целите и задачите на Фондацијата T-Мобиле за Македонија. Проектите се реализираат по пат на директна или индиректна донација:
Директна донација: Фондацијата донира средства за реализација на проекти кои се усвоени со годишната програма, со однапред утврден буџет. Во случај кога Фондацијата не го иницира проектот, Фондацијата утврдува цел, а потоа распишува јавен тендер, по кој се избираат проекти кои ги задоволуваат сите пропишани критериуми, а воедно се во согласност со однапред утврдениот буџет.
Индиректна донација: Фондацијата активно работи на собирање средства и материјални добра за конкретно утврдени цели. Донатори на средства и материјални добра можат да бидат правни или физички лица со кои Фондацијата T-Мобиле за Македонија соработува.
Сите проекти во кои учествува Фондацијата се транспарентни за јавноста.
Најактивен канал за собирање средства пред се наменети за помош на лица во неволја – итна хируршка интервенција, лекување, елементарна непогода, како и за реализирање на програмски активности на невладини организации и реализација на проекти од општествен интерес се специјалните броеви за донации на T-Mobile.
броеви за донации
Преку специјалните броеви за донации, корисниците на T-Mobile се поврзуваат во кругот на хуманоста, помагајќи директно за остварување на хуманата цел за која одредениот број е наменет. |