Броеви за донации
Ставајќи ја технологијата во служба на хуманоста, во февруари 2003 година, по барање на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија, беше отворен првиот број за донации. Целта беше да се прошири кругот на хуманоста, преку поврзување на лицата кои сакаат да помогнат со лицата на кои таа помош им е најпотребна. Оттогаш, мобилниот телефон стана и средство за искажување на хуманоста, преку кој граѓаните на Македонија можат да им донираат на своите сограѓани со итна потреба од помош или да поддржат проект од општа социјална важност.
Отварање на број за донации
Броевите за донации се доделуваат на физички и правни лица. И во двата случаи, броевите се доделуваат за точно определена активност – за физички лица, тоа е закажана операција тука или во странство, а не е поддржана од Фондот за здравство, целосно или делумно, додека пак за правни лица, е усогласеноста на проектот за кој ќе собираат средства со стратегијата на Фондацијата.
Одлуката за отворање број за донации ја донесува посебно тело на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија. По одобрување на одредено барање, се пристапува кон директен контакт со барателот на донацијата – крајниот корисник, или негов старател, за физички лица, односно овластениот потписник, за правни лица, со кој се потпишува договор меѓу него и Фондацијата Т-Мобиле за Македонија.
Сите броеви за донација се комплетно транспарентни, како и самата акција за собирање средства. Во собирањето средства од извонредно значење е улогата на јавните медиуми чијашто поддршка е неопходна, како во прилог на актуелизацијата, така и во прилог на транспарентноста. Донацијата се одвива по пат на генерирање повици од страна на корисниците на услугите од Т-Мобиле, при што корисникот со јавување на одреден број за донација донира 100 денари.
Поединечните донации од 100 денари донирани од страна на припејд корисниците веднаш се минусираат од износот на сметката, додека на постпејд корисниците им се евидентираат на сметката за тековниот месец во кој е извршена донацијата.
Вкупно собраните средства се префрлаат на сметката на корисникот наведена во договорот како наменска сметка за донацијата.При префрлање на собраните донирани средства на име на физичко лице, персоналниот данок не се одзема од вкупната сума. Пресметаниот персонален данок, дополнително го плаќа Фондацијата Т-Мобиле за Македонија, за што постои посебен фонд со планирањето на годишниот буџет.
За сите потребни дополнителни информации, слободно контактирајте нe во Фондацијата T-Mobile за Македонија на телефонскиот број +389 2 3201 439 или на факс +389 2 3109 299.
|