english version
Активни броеви за донации
Отварање на број за донации за физички лица
Отварање на број за донации за правни лица
Целосен преглед
Броеви за донации Активни броеви за донации

Да помогнеме заедно

Да бидеме хумани и да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. Да донираме 100 денари од сметката и внесеме ведрина и насмевка во животите на оние на кои можеме заеднички да им помогнеме. Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Средствата кои ги донирате ќе бидат префрлени на посебни жиро сметки отворени за оваа намена. На овој начин донирате средства кои можат да помогнат на лицата на кои нашата помош им е најпотребна. Во цената не се вклучени 18% ДДВ.

Активни броеви за донации

143 109    Арон Фетоски
Арон има 11 години и срцева аномалија која мора итно да се отстрани. Операцијата ќе се изврши во Националниот кардиохируршки центар во Софија, веднаш штом се соберат потребните средства. Операцијата чини 12.000 евра.

143 113    Бисера Лакинска
Бисера боледува од леукемија, и единствената можност за комплетно излекување на болеста е трансплантација на коскена срцевина. Оваа интервенција треба да се изведе на некој од центрите за трансплантација во Европа, каде трошоците изнесуваат од 200.000 до 250.000 евра.

143 122    Индрит Ајрула
Индрит има 12 години и боледува од саркома. Моментално се лекува во Франција. Лекувањето чини околу 160.000 евра и на семејството Ајрула му е потребна секаква поддршка да ги собере овие средства.

143 143    Павлина Илиева
Павлина е 28 години и боледува од мозочен тумор. Поради неможност операцијата да се изврши во Македонија, оперативниот третман се планира во Истанбул, Турција. Вкупниот износ на оперативниот третман изнесува 23.150 евра.

143 144   Искра Донева
Искра е 26 години и боледува од церебрална парализа.Таа има шанса да прооди ако подлегне на посебен третман во Московската клиника Неуро Вита. За таа цел на Искра и се потребни неколку интервенции кои ќе чинат околу 60.000 евра.

143 153    Сања Чавдарова
Сања има 24 години и боледува од церебрална парализа. За да и се подобри моториката, таа треба да подлегне на посебен третман во Московската клиника Неуровита, кој се состои од неколку фази. Затоа што интервенцијата чини 60.000 евра, на семејството Чавдарови му е потребна поддршка.

143 163    Мила Адам
Мила е 7 години, и има пејсмејкер кој мора да се промени, заради нејзиниот раст. Операцијата ќе се случи во Белград  и чини 8.000 евра. Семејството не е во состојба да го покрие целиот трошок.

143 183    Данило Јањиќ
3-годишниот Данило боледува од леукемија. Во моментов е на лекување во Германија, каде треба да му се изврши трансплантација на коскена срцевина. Семејството треба да учествува со 130.000 евра.

143 100    Meѓународна Фондација Тоше Проески
Поддршка на проектите на Фонадацијата Тоше Проески, со цел продолшување на неговата хуманитарна мисија.

143 401    НВО Полио Плус
Поддршка на проектите на Полио Плус во 2010 година, подобрување на општествените услови за лицата со хендикеп.

143 155    Интернационална Детска Академија-Британска Бизнис Групација-BBG
Поддршка на хуманитарниот проект на Британската Бизнис Групација за реновирање на интернатот "Св.Климент Охридски" во Скопје.

143 456    СОС Детско Село
Поддршка на децата од СОС Детско Село во Скопје, прва институција од овој тип во Македонија.

143 403    Црвен Крст на РМ-за Хаити
Поддршка на лицата погодени од катастрофалниот земјотрес на Хаити, преку актвностите на Меѓународниот Црвен Крст.

143 400    Црвен Крст на РМ
Поддршка на годишните проекти на Црвен Крст на Република Македонија.

143 404    ЦИРа
Поддршка на Фондот за купување на апарат за хемотерапија за дозирање, на Килниката за Онкологија во Скопје.

143 424   НВО Меѓаши
Поддршка на активностите на Првата детска Амбасада во светот - Меѓаши.

143 444    Св. Јован Бигорски
Поддршка на реновирањето на опожарениот манастир "Св. Јован Бигорски".

143 999    НВО Градиме Иднина
Поддршка на проектите на НВО Градиме Иднина во 2010 година-возачки дозволи и курсеви по странски јазици за членовите на здружението, поранешни штитеници на домовите за деца.

Химна

 Слушнете ја химната  
  "Чуда мали"